Емина Јаховиќ за првпат прозборе за врската со турскиот милионер

ИЗВОРСкопје24
|

Турските медиуми веќе пишуваат дека парот наскоро ќе се сврши…

Емина Јаховиќ и турскиот бизнисмен, милионерот Седатин Саран неодамна повторно ја објовија нивната врска по петмесечниот прекин. Дека повторно се заедно сведочат и турските медиуми, кои го „фатиле“ парот заедно.

Тие двајца се држеле за рака и било повеќе од очигледно дека се во љубов.

Емина врската со Седатин ја започна веднаш по разводот со Мустафа Сандал, со кого има два сина.

Иако никогаш не зборувала за нејзините љубовни врски, по првпат се случи таа да ги искоментира фотографиите со новиот партнер.

– Не ми смета, се разбира. Љубовта во принцип е убава и мислам дека таа го разубавува светот – изјавила Емина во една емисија.

слободен печат.мк