Емина за роденден од бившиот сопруг доби подарок вреден 45.000 евра

ИЗВОРскопје24
|

Емина Јаховиќ за својот 38ми роденден од бившиот сопруг Мустафа Сандал добила часовник кој чини 45.000 евра. Тие двајца повторно се во врска.

Пејачката кон крајот на 2019 година му даде уште една шанса на турскиот музичар.

Емина не сакаше да има голема прослава за роденденот. Таа организираше семејна вечера на која повика и неколку пријатели. Синовите Јаман и Јавуз ја изненадија со торта и букет цвеќе, а Мустафа ја изненади со скап подарок, открил близок пријател на Емина и додал:

Емина била изненадена кога видела дека и купил часовник ролекс. Веднаш му се фрлила во прегратка и го бакнувала пред сите. Неколку пати го прашала колку чини часовникот, тој прво не сакал да и одговори, но потоа попуштил и кажа, заклучил изворот.

Сепак, ова не било крај на подароците.

Емина и Мустафа не ги тргаат насмевките од лицата откако се смирија. Тој се пофалил дека ќе ја носи заедно со синовите на луксузен одмор во Швајцарија и дека веќе резервирал апартман во еден од најскапите хотели на Алпите, завршил изворот.