ЕМОТИВНО: Скопјани и од своите домови направија ѕвездено небо за Тоше (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот ди џеј Бабура Џуниор два викенди по ред ги забавува скопјани од своите домови во Карпош. По прекрасната велигденска забава која тој ја направи минатиот викенд од балконот на својот дом, оваа сабота ја смени локацијата и музика пушташе од кровот на најголемиот шопинг мол во државава – Скопје Сити Мол.

Голем број на граѓани му се придружија со светлечки елементи кои ги имаат во своите домови, а и поголемиот број од нив во близина на молот беа излезени на балконите од домовите и пееја на цел глас.

Еден од најинтересните момети сепак беше ѕвезденото небо кое станарите од повеќето згради го направија во чест на Тоше Проески и сите оние кои за жал повеќе не се меѓу нас, додека на цел глас свиреше неговиот хит „Излажи ме уште еднаш“.

https://www.facebook.com/TosheProeskiOfficial/videos/255373075833617/?v=255373075833617

Граѓаните со своите мобилни телефони уште еднаш го направија познатото ѕвездено небо на Тоше, но овој пат малку поразлично, но и посебно, полно со емоции, додека на цел глас ги пееја стиховите на неговата песна.