Енрике Иглезијас и Ана Курникова добија ќеркичка: Споделија први фотографии од принцезата

ИЗВОРСкопје24
|

Енрике на својот профил на Инстаграм објави фотографија како ја држи ќерка си, а Ана на својот профил објави две фотографии, едната каде малото и лежи на градите, додека Енрике и го бакнува челото, а другата каде што позира сама со бебето.

И двајцата родители имаат ист опис на фотографиите, на кои пишува „Моето сонце, 30 јануари 2020 година“.

Двојката има уште две деца заедно, двегодишните близнаци Никола и Луси. Сè уште не е познато кое име му го дале на новороденчето. Енрике и Ана се заедно скоро две децении, но сè уште не застанале пред олтар.