Ева Богоевска продолжува да нижи успеси: Маестралната виолинистка прогласена за најдобар студент со највисок просек

ИЗВОРСкопје 24
|

Македонската виолинистка за која слушна целиот свет, Ева Богоевска, продолжува да нижи успеси на професионално поле, па покрај неспорниот талентот таа сака да се надогради и закити и со најдобро можно образование во областа на музиката. Таа деновиве беше наградена од страна на УКИМ за најдобар студент со највисок просек (10.00) за 2019/2020 година од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

По тој повод Богоевска објави фотографија на социјалните мрежи од официјалното доделување заедно со проф.д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ и проф.м-р Живко Фирфов, декан на ФМУ-Скопје.

Ева не застанува овде, па ни откри дека запишаа магистерски студии кај врвниот виолинист и педагог Сергеј Островски на Женевскиот Универзитет, каде успеала да влезе и да добие место и покрај силната конкуренција од целиот свет.

„Тоа беше мој сон уште од 2017 година. Да се надоградува знаењето под менторство на еминентен педагог е од непроценливо значење за секој уметник. Поради моите обврски со работата, ќе живеам тука и повремено ќе патувам за Женева каде ќе работам со професорот,секако комбинирајќи со онлине настава која ја практикува заради панде*ијата. Инаку универзитетот Еуропа Прима отвори меморандум соработка со Женевскиот универзитет, па така некои од теоретските предмети ќе можам да ги следам тука, за што сум им многу благодарна“, вели Богоевска која има учествувано и победено на едни од најпрестижните фестивали и натпревари во светот уште од најмали нозе.

Дваесет и едногодишната скопјанка е прва виолина во скоп на Македонска Филхармонија, успех кои многумина го сонуваат, но таа го оствари на само 20 години.

(Наталија Јосифоска)