Еве како да ги подготвите вратите на автомобилот за зиматa што доаѓа

ИЗВОРСкопје24
|

Наближувањето на зимата е секогаш период во кој треба да се направи посебна подготовка за автомобилите за ова годишно време. Секако доста е важно да се знаат некои работи кои ќе ви го олеснат управувањето на автомобилот во текот на зимата.

Акцентот во оваа ситуација е ставен на вратите на автомобилот и тоа на четири места, кои мора да се подмачкаат пред почетокот на зимата.

Голем дел од возачите на моторните превозни средства се соочиле со проблеми со вратите и стаклата во текот на зимата. Тоа се однесува на постарите автомобили, но важи и за голем дел од чисто новите возила особено оние од побуџетските класи.

Затоа е добро да се знаат неколку совети кои ќе ве зачуваат од главоболки во текот на зимата.

Стакла

Чудно, но малкумина се трудат да ги премачакаат страничните стакла на автомобилите или подобро нивните лизгачи. Тоа се жлебовите во кои стаклата на автомобилите се движат во рамките од вратите. Во зима таму се собира вода, која замрзнува и стаклата не можат да се отворат. За да им го олесните животот на прозорците и на електромоторите кои ги движат, користете силиконски спреј или сув тефлон. Намачкајте ги жлебовите, потоа спуштете ги и кренете ги прозорците неколкупати така што средството со кое сте подмачкале рамномерно ќе се распореди на површината. На крајот вишокот од средството може да се отстрани со крпа и со препарат за чистење на прозорци.

Гумички

На вратите во автомобилите има гуми кои се проектирани за да спречат навлегување на прав, влага, маснотија… во внарешноста од автомобилот, а исто така се и материјал за изолирање на звукот. Колку и да е чудно за некои, во текот на зимата има потреба од подмачкување. Причините се исти како и кај прозорците односно образување на мраз и агресивна средина. Сепак, обичниот силикон ја ублажува оваа главоболка. Неопходно е да се стави како пломба на сите места и тоа ќе биде пречка за формирање на мразот.

Брави

Дури и доколку автомобилот ви се уклучува со клуч на дистанца, подмачкувањето на бравите не треба да се запоставува. Во зима, и покрај фактот дека се опремени со специјална заштита, бравите исто така се подложни на загадување од кој било вид на ѓубре, кое лета од под тркалата во текот на зимата. Сувиот тефлон, силиконот и дури и WD-40 се погодни за улогата на спасител на бравите во зима.

Механизам за заклучување и шарки

Механизмот за заклучување и шарките на вратите на автомобилите изгледаат скриени, но тоа сосема не е така. Мешањето на вода и зимски реагенски може да придонесе за проблеми со затворањето на вратата. Најчесто тие механизми не ја затвораат вратата, што е сериозен проблем. И тука можете да користите секакви специјализирани средства за подмачкување по ваш избор.