Еве како да си направите највкусни домашни ѓевречиња

ИЗВОРСкопје24
|

Состојки:

25 гр свеж квасец 50 гр стопен маргарин 1 јајце 2 лажици шеќер 1 лажичка сол 1 жолчка 2 лажици млеко 250 мл. млако млеко 500 гр брашно и плус по потреба.

Подготовка:

Брашното го просејуваме. Во длабок сад го ставаме брашното и правиме во средината дупка, го рониме квасецот, додаваме 2 лажици шеќер и го ставаме целото млако млеко и оставаме квасецот да стаса. Изработуваме доста тврдо тесто, го покриваме со крпа и го оставаме да го зголеми волуменот. Кога тестото ќе стаса внатре додаваме 1 јајце, стопениот маргарин, сол и брашно за да добиеме меко и еластично тесто и се добро измесуваме околу 4-5 мин, за сите состојки добро да се соединат. Го покриваме тестото со крпа и го оставаме повторно да стасува. Стасаното тесто го делиме на 7 дела и од секој дел правиме сукалца долги 40 цм и краевите ги составуваме. Ѓевреците ги премачкуваме со жолчка во која сме додале 2 лажици млеко и ги наросуваме обилно со сусам. Печеме во подмачкана тепсија на 180 Ц додека не добијат убава румена боја.

Добар апетит!