Eве како изгледа домот на Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас од 4,5 милиони долари

ИЗВОРскопје24
|

Мајкл Даглас (74) и Кетрин Зета Џонс (49) станаа сопственици на нов прекрасен имот во Ирвингтон, Њујорк. Тие неодамна ја продадоа вилата во округот Вестчестер за 20,5 милиони долари.

Нивниот нов имот, наречен „Долга ливада“, се протега на 12 хектари сè до реката Хадсон.

Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс неоадамна ја продадоа својата вила во округот Вестчестер за 20 милиони евра, па дел од таа сума инвестираа во нова недвижност.

Вилата се наоѓа во срцето на имотот и е изградена во раните 1930-ти. Вкупно има 22 соби, од кои 8 спални соби и 12 купатила.

Главната спална соба покрај гардероберот има и посебна бања со пространа када наспроти која има луксузен бел мермерен камин.

Огромната дневна соба исто така има мермерен камин и кристален лустер. Вилата располага и со приватна библиотека, огромна кујна, забавна просторија со огромен бар, затворен базен и теретана.