Еве како се проширил земјотресот од Италија – во Хрватска стигнал за 20 секунди (ВИДЕО)

|

Земјотресот што вчера ја погоди Италија беше почувствуван и во Хрватска. Земјотресот бил со јачина од 5,7 степени, а епицентарот бил во морето меѓу Анкона и Римини. Во Хрватска најмногу се почувствувало на брегот, но го пријавиле и луѓето на континентот.

„На 9 ноември 2022 година, во 7 часот и 7 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа многу силен земјотрес со епицентар во морето кај Римини. Магнитудата на земјотресот била 5,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше почувствуван низ цела Хрватска“, извести Сеизмолошка HR служба.

Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија објави видео од ширењето на вчерашниот земјотрес. На видеото се гледа дека брановите до првите хрватски острови стигнале за приближно 20 секунди.

Инаку, денеска пвторно се тресе тлото во Италија. Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во областа на Италија и Сан Марино.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа во Јадранското Море, помеѓу Анкона и Римини.

С

Италијанците пишуваат дека земјотресот траел неколку секунди, но дека силно се почувствувал.

Засега нема информации за евентуални штети.