Еве кои се тајните на среќните парови

ИЗВОРскопје24
|

Некои парови без оглед на тоа дали биле во брак или само во врска, секогаш изгледаат како меѓу нив да има нешто посебно. Тие се насмеани и среќни.

Кои се тајните на овие среќни двојки?

1. Одат заедно во кревет. И тоа не мора да значи секс. Доволно е да си легнете заедно, да си раскажете нешто што ви се случило дента. Спиењето во прегратка, дури и кога не ви се спие, е компромис кој влева убавина во врската.

2. Делат интереси. Да не постојат заеднички интереси, не би биле пар. Добро е да имате самостојни активности, но добро е и да имате активности кои ги правите во пар. Како на пример утринско трчање.

3. Се држат за рака. Не, не е детски. Ова покажува колку еден допир може да ве направи среќни без разлика дали сте на прошетка или дома пред телевизорот. Ова покажува голема поврзаност кај паровите.

4. Се фокусираат на позитивно. Во секоја врска постои нешто што ве нервира кај партнерот/ партнерката. Најчесто се ситници, но ве вадат во такт. Во среќните врски обрнуваат внимание на она што е позитивно кај партнерот. На работите поради кој сте горди со него, а не заради работите кои ги прави погрешно.

5. Простуваат. Простувањето не е лесно. Но, во среќните врски, не е така. Тие лесно си простуваат и не се навраќаат на старите грешки ниту пак сакаат да се одмаздат за истите. Еднаш кога нешто е простено – треба да биде и заборавено.

6. Си кажуваат „те сакам“. Секако дека ова не мора да биде секој ден, но убаво е да го споделите особено во најпотребните моменти. Треба да биде искрено и од срце.

7. Комуницираат. Комуникацијата е можеби најважната состојка за опстанокот на било која врска. Кога знаете дека со својот партнер можете да поделите се, кога можете да зборувате за најубавите случувања, а кога потребно и да се расправате со него/неа. Секогаш треба да можете да си помогнете еден на друг, да споделувате, но и да знаете да сослушате.

8. Знаат што е компромис. Понекогаш некои работи не ви се по волја, но во среќната врска партнерите знаат дека ако нешто дадат, ќе добијат и нешто за возврат. Двајцата партнери се несебични и секогаш подготвени на компромис.

9. Разменуваат нежности. Прегратки, бакнежи, допири – сето ова е важно. Ова ги поврзува и постојано ја одржува романтичната атмосфера. Кој не би бил среќен?

10. Имаат почитување. Секој партнер мора да има почит за другиот, за неговите желби, чувства и мисли. Взаемното почитување е одличен темел за градење среќна врска.

Сепак и караниците изгледа се од клучно значење за среќен брак, барем така покажува новото истражување спроведено на Универзитетот Тенеси.

Резултатите покажале дека паровите кои врската ја опишуваат како среќна многу почесто се расправаат, но исто така гледаат да избегнат несогласувања околу важни теми. Научниците сметаат дека ова е уште еден доказ во прилог на тезата дека паровите кои се караат остануваат заедно.

Во истражувањето учествувале 121 пар, на возраст меѓу 30 и 70 години, со брачен стаж меѓу 9 и 42 години.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето кои се расправаат со партнерот имаат десет пати повеќе шанси за добар, среќен брак од оние кои проблемите ги кријат под тепих.

Научниците советуваат дека караниците се добри, но треба да бирате околу што се карате.