Еве на што Лепа Брена и Саша Поповиќ ги трошат парите од продажбата на „Гранд“

ИЗВОРСкопје24
|

Лепа Брена и Саша Поповиќ заработија 30 милиони евра од продажбата на „Гранд“, а тие пари ги вложуваат во приватен бизнис.

Фолк пејачката гради зграда во Црна Гора, додека пак Поповиќ купил фабрика за хармоника во Италија.

„Тој започна кариера како хармоникаш, па така не е чудно што вложи во производство на овој инструмент. Саша претходната година за време на одморот во Италија посети фабрика која му се допадна и одлучи да ја купи“ вели извор за „Информер“ и додава:

„Сале неодамна заврши со документацијата и ја препиша фабриката на свое име. Ги ангажираше најдобрите произведувачи и планира да ги прави најдобрите хармоники на свет. Во работата го вклучи и нашиот познат хармоникаш Микица Гачиќ. Тие се долгогодишни пријатели и веруваат еден на друг, па Саша го одбра за него за партнер во работа“.

Саша и Микица не биле достапни на телефон за да ја потврдат информацијата, но оваа вест ја потврдил Марко, синот на Микица.

„Точно е дека тато и Саша започнаа бизнис со хармоники. Еве, сега се во Италија. Најдобро е нив да ги прашате за детали, не сакам да зборувам за тоа“ вели Марко.

За разлика од Поповиќ, Брена се одлучила за две нови бизниси.

„Брена заедно со семејството отвори винарија во Шида. Таа и Боба обожаваат квалитетно вино, па тоа пресуди да започнат нов бизнис. Договорот е таа работа да ја работи нејзиниот најстар син Филип Живојиновиќ. Планираат виното да го извезуваат во Америка, а потоа и во Кина“ вели соговорникот.

И самата пејачка потврди дека започнала нов бизнис.

„Започнавме производство на вино. Луѓето не паметат дека уште во далечната 1986 година имав свое вино кое се викаше „лепа брена“. Благодарение на сопругот сега започнавме ново производство и се надевам дека ќе им се допадне на дамите“ вели фолк пејачката.

Меѓутоа, Брена од продажбата на „Гранд“ започнала уште еден бизнис.

„Брена заедно со Боба го посетија Портонови кој се уште не е отворен за јавност. Одлучија да инвестираат во таа недвижност. Планираат да градат згради наменати за светскиот џет – сет. Еден квадрат изнесува околу 20 000 или 30 000 евра. Брена е воодушевена од локацијата бидејќи е на отворено море, така да сите станари ќе имаат паркинг за јахта“ вели изворот за „Информер“.