Еве што прави сапунот – по ова видео сигурни сме дека почесто ќе миете раце

ИЗВОРСкопје24
|

Една учителка од Австралија на најдобар можен начин им ја објаснила на децата важноста од миењето раце.

Имено, таа во една чинија помешала вода, масло и бибер и на децата им ја претставила оваа мешавина како “ви*ус”. Во друг сад имало сапун со малку вода.

Кога децата го ставале прстот во садот со “ви*усот”, тој воопшто не се поместувал, односно бил насекаде околу нивниот прст.

Од друга страна, кога децата претходно го потопувале прстот во садот со сапун, а потоа го ставале во чинијата со “вир*сот”, тој веднаш “бегал” од нив.

Погледнете го фантастичниот пример кој најдобро ја покажува важноста од миењето раце ОВДЕ.