Еве зошто ни беше омилен на сите: Да се потсетиме како Ванчо раскажува за “местенката“ што му ја направиле колегите

loading...

Со овој дел од емисијата „Еден на еден“, ќе сфатите зошто Ванчо Петрушевски беше еден од омилените.

Секогаш подготвен да ги насмее присутните, каде и да се појави. Поради неговото ненадејно заминување фановите се во голема тага, но ова е одлична можност да се сетиме на него во најубаво светло.

Слушнете што му се случило при една “местенка“

Колегите се сеќаваат на својот драг колега, па така популарниот македонски шоумен Игор Џамбазов на својот настап во чест на актерот, Ванчо Петрушевски ја испеа песната „Ако умрам ил загинам“.

Тој кажа дека повеќе од половина живот го минал заедно со Ванчо и додаде дека неговото прерано заминување многу го погодило.

И легенадрниот актер Димче Мешковски се присети на дружбите со својот колега Ванчо Петрушевски.

„ Ванчо беше насмевката. Тој најмногу не веселеше. И на претставите, и по нив, и додека се збиравме овде во бифето на Драмски театар да играме табла“. Актерот веќе четири години со сопругата живее во Санта Моника, САД. Најголемата причина е неговата внука Леона од ќерката Јасна, но и напредната медицина која му ги олеснува здравствените проблеми.

„ Овде, во театарското бифе е моето легло. Тука се збиравме со Ванчо, Гоце, Дади, Стево Спасовски, Коле Ангеловски. Доаѓаа актери и пејачи од цела Југославија, тука мезевме убав пинџур со домашна ракија, игравме табла и пеевме песни. Сега, се помалку и помалку актери доаѓаат овде. Таа дружба меѓу колегите е многу битна за да опстои и за да расте еден театар, и за да има квалитет и можности за подобри претстави“, рече Мешковски.

Ванчо Петрушевски беше дел од водителската екипа на познатото скопско „Скај радио“.- со Гоце Тодоровски, Ранко Петровиќ, српскиот пејач Ѓорѓе Марјановиќ, и со сопственикот на радиото Дејан Цветковиќ по манифестацијата „Скај, Оскар на популарноста“ во Скопје на почетокот од деведесетите

Многу колеги на социјалните мрежи се простуваат од актерот, кој беше миленик на повеќе генерации. Пред неколку дена, во Драмски театар се одржа комеморација за Петрушевски. Емотивен говор одржа Гоце Тодоровски кој рече дека кога и тој ќе замине на небото, со Ванчо ќе си направат “Театарче лево ќоше“.

Ванчо, заедно со Гоце Тодоровски беше дел од екипата на „Скај радио“, популарно скопско радио од деведесетите, каде што свои емисии имаа повеќе домашни познати личности.