Еве зошто никогаш не смеете да го полните мобилниот телефон во кревет

loading...

Иако веќе е добро познат податокот дека уредите го нарушуваат квалитетот на сонот, судејќи според објавата на противпожарната служба од Њу Хемпшир, тие можат да ги доведат нашите животи во опасност.

Противпожарната служба објавила фотографии од запалена прекривка и перница на Фејсбук, како предупредување на тоа што може да му се случи на секој од нас.

“Истражувањата покажуваат дека 53 отсто од децата/тинејџерите ги полнат своите мобилни телефони или таблети на креветот или под перницата. Во тој случај температурата расте, а полначот станува се потопол”, велат тие.

Порталот “Pop Sugar” објавил резултати од една анкета која вели дека 89 отсто од тинејџерите користат барем еден уред во спалната соба.

“Со тоа се зголемува шансата прекривката или перницата да се запали, што го доведува сечиј дом во опасност”, наведуваат тие. Еден од начините како да се заштитите е секогаш да користите само оригинални полначи, тврди Рејчел Ротман од Институтот за домаќинство.

“Избегнувајте полнење на уредите во екстремни случаи, кога е претопло или престудено, и не ги полнете уредите во било какви кутии бидејќи тоа ја зголемува температурата”, заклучува Ротман.

ЕВЕ ЗОШТО НИКАКО НЕ ТРЕБА ДА КОРИСТИТЕ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ПРЕД СПИЕЊЕ

Читањето од екран пред спиење може да биде погубно за вашето здравје, покажа истражувањето спроведено во Бостон. Веќе е познато дека светлото од различни екрани навечер го менува чувството на успиеност и будност, и го спушта нивото на мелатонин во организмот.

Невронаучниците докажале дека луѓето кои навечер читаат книга подобро спијат од оние кои читаат од таблет или смартфон и други направи кои емитираат светлина, што вклучува и некои видови телевизори. Оние кои читаат од екран имаат пократок РЕМ циклус и лачат помалку мелатонин кој го регулира спиењето.

Последиците на недоволно и неквалитетно спиење не се само замор во текот на наредниот ден, туку и различни здравствени проблеми како прекумерна дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести, кои веќе се поврзани со недостигот на сон. Хроничното сузбивање на мелатонин исто така е поврзано со зголемен ризик од некои видови рак.

Ако веќе никако не можете без екран навечер, обидете се да го филтрирате плавото светло. За Андроид и Епл постои апликација која го дава тој ефект, додека корисниците на компјутери можат да се обидат со софтвер како што е F.lux.