Евтин трик кој ќе ве спаси од кондензација на прозорците оваа зима

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку и вие во вашиот дом имате ПВЦ дограма, тогаш најверојатно веќе сте се соочиле со најнепријатниот проблем- кондензација по стаклото на прозорците.

Тоа се случува кога разликата меѓу температурите надвор и внатре е поголема. Доколку навреме не преземете мерки, водата може да се задржи на рамката од прозорецот или да истече надолу и да го оштети подот. Но, без грижи. Овој проблем лесно може да го решите со еден многу практичен, а притоа и евтин трик, со кој ќе заштедите пари, а притоа и време. Станува збор за употреба на самолеплива проѕирна фолија, со дебелина од 0.5 милиметри.

Како да ја употребите фолијата


Покријте ја рамката на прозорецот со двострана леплива лента, а одозгора залепете ја фолијата. Истата има млечна нијанса, но тоа е само привремено. Отстранете го горниот заштитен слој и фолијата ќе стане проѕирна, а овој метод нема да влијае на количеството на светлина кое влегува во просторијата.

Обидете се со овој едноставен трик и уште следниот ден ќе забележите како влагата во аглите на прозорците значително ќе се намали.