Евтин трик за миризливи и меки алишта без омекнувач, а истовремено машината сјае од чистота

ИЗВОРСкопје24
|

Станува збор за замена на омекнувачот со бел оцет кога перете алишта во машината за перење, а луѓето тврдат дека трикот е неверојатно ефикасен. „Откако ги прочитав сите ваши објави во последно време за исфрлање омекнувач и додадов бел оцет наместо тоа, го испробав и останав во неверување.

Алиштата никогаш не мирисаа толку убаво и чисто, а машината за перење сјаи “, напиша едно лице на Фејсбук групата во која е оригинално објавен трикот.

„Го испробав денес и сум воодушевена како мојата облека и крпи мирисаат прекрасно. Бев многу скептична, но задоволна сум со резултатите “, додаде друг корисник. Важно е да се напомене дека трикот не успева со кој било вид оцет.

Потребен ви е само дестилиран бел оцет. Овој тип не содржи танини (растителни бои), што може да остави дамки на облеката. Тоа е многу блага киселина која нема да ги оштети ткаенините, но ќе го отстрани остатокот од сапун.


Пред перење, додадете оцет во машината за перење алишта исто како омекнувачот – наполнете го резервоарот каде што нормално го ставате омекнувачот, додадете детергент и започнете со перење. Оние кои го пробале тврдат дека белиот оцет го збогатува мирисот на детергент за алишта и ја прави облеката мека долго време.