Факти за Јапонија кои не сте ги знаеле

ИЗВОРскопје24
|

Мислиме дека знаеме многу за другите држави поради разните серии, книги, филмови, па дури и Instagram објави.

Но, најдобриот начин да научите нешто за некоја држава е да живеете таму.

Бидејќи Јапонија постојано нè изненадува, не е ни чудно што луѓето кои се преселиле таму дознале некои навистина необични работи за оваа држава.

Погледнете што откриле за Јапонија луѓето кои се преселиле таму:

Јапонките редовно ги бричат нивните лица и раце

Во Јапонија, влакната на рацете се сметаат за неучтиви, па ако живеете таму, ќе треба да се навикнете на тоа.

Покрај тоа, голем број жени ги бричат и целите нивни лица, вклучувајќи го и челото.

И мажите се бричат, но најчесто го прават тоа во салони. Јапонците навистина се грижат за својот изглед и сосема нормално е и мажите да си ставаат пудра.

Бездомниците си прават куќи и кабини од картон

Становите во Јапонија се навистина скапи, па во државата има многу бездомници.

Голем дел од нив си градат засолништа од картон, а некои се вистински експерти за тоа.

Правилата за изнајмување дом се навистина строги

Доколку изнајмите стан за една личност, со вас никако не смее да живее некој друг. Во некои случаи, пак, становите се издаваат само на жени.

Во градовите кои се близина на универзитети, станарите не секогаш можат да свират инструмент. Истовремено, ретко кога некој ќе се согласи да издаде стан на странец, без разлика колку долго е во државата и дали има работа.

Во Јапонија можете да заборавите и на милениче. Ако, пак, ви дозволат да чувате, ќе треба да плаќате кирија и за него.

Постојат посебни служби за преселување

Овие компании најпрво им се јавуваат на соседите и им се извинуваат за вревата што ќе ја прават.

Пред да почнат со селењето, работниците од компанијата ги документираат сите предмети на сопственикот и нивното место. Исто така, тие ги фрлаат сите работи за кои сопственикот смета дека не му се потребни.

Откако ќе се соберат сите предмети од станот, ѕидовите се покриваат со заштита.

Најчесто, Јапонците почнуваат да работат една година после дипломирање

Компаниите почнуваат со бирање кандидати во март и април, една година пред дипломирањето. Овој период студентите испраќаат апликации и одат на интервју за работа.

Оние кои нема да најдат работа во голема компанија во овој период, почнуваат да праќаат апликации во помали компании, кои примаат студенти и во лето и есен.

Интересно е што големите компании не примаат луѓе со фарбана коса или со брада.

Постојат безброј мали правила

Во Јапонија, на работа најдобро е да понесете голема чанта, без разлика дали е празна. Во спротивно, луѓето можат да мислат дека не сте сериозни.

Во домот, пак, носењето чевли е строго забрането. Поради стара традиција, Јапонците веруваат дека само мртвите можат да носат чевли во домот.

Здравствениот систем има недостатоци
За странците е навистина тешко да се навикнат на јапонскиот здравствен систем.

На пример, болниците имаат работно време како и сите други институции, па за преглед треба да излезете од работа. Покрај тоа, болниците не работат за викенди и празници.

Лекарите, пак, обично препишуваат многу лекови – 5-6 за сите симптоми. Ова значи дека секој мора да запишува што земал.

Во болниците имало и случаи со дискриминација, бидејќи некои доктори не сакале да прегледуваат странски пациенти. Ова најчесто се случувало доколку личноста имала проблеми со јапонскиот јазик.

На улиците нема корпи, но сепак се чисти

Во Јапонија, различниот вид отпад се собира во различни денови. На пример, отпадот од храна се собира само два пати неделно, а на улиците има посебни места за него.

Во државата речиси и да нема контејнери бидејќи се верува дека штом плаќате за комуналии, ѓубрето треба да го фрлате дома.

Има паркинзи на два ката поради недостаток од простор

Долниот дел од паркингот се наоѓа под земја, а можете да го подигнете целото паркинг место со посебен далечински управувач.

Долниот дел има и систем за одвод кој се ослободува од водата.

Овие мали гаражи се и одлична мерка против крадци, но проблемот е што некои автомобили се премногу големи за нив.