„Фала богу уште постојат луѓе“: Гестот на овој Грк ја воодушеви јавноста

ИЗВОРСкопје24
|

Гестот на еден грчки угостител од туристичкото место Неа Макри за брзо време се прошири на социјалните мрежи, а луѓето коментираат дека ова им ја враќа надежта во човештвото. Откако за време на панде*ијата забележал дека сè повеќе негови сограѓани бараат храна во контејнерите, одлучил да помогне.

„На луѓето што бараат храна во кантите за ѓубре: вие сте луѓе и заслужувате многу повеќе. Ве молам, влезете во ресторанот во текот на работното време и послужете се со порција суфлаки и вода. Нема да поставуваме никакви прашања“, порача тој.

Србинката која ја направи фотографијата кратко порача: „Фала богу уште постојат луѓе“