Вработените на наплатните рампи на Јавното претпријатие за државни патишта предупредуваат на појавата на фалсификувани монети од 2 евра, чија казна на крај ја плаќаат самите тие, пренесува МКД.мк.
Oткако надлежната банка ќe ги откриe фалсификуваните монети, тие се испраќаат до Народна банка, а на крајот за таквиот прекршок се одзема од платите на вработените.
Проблемот не се појавува само кај нас, туку и во цела Европа. Големи полициски акции летово беа започнати во земји како Италија и Ирска за да се дознае кој ги произведува ваквите монети.
Овие монети кај нас на наплатните рампи во главно доаѓаат од странските возила. Од НБРСМ за МКД.мк велат дека за првите шест месеци од годинава примиле 259 сомнителни ковани пари со апоенска вредност од 1 евро и 11.579 со апоенска вредност од 2 евра.
Остатокот причитајте го со клик тука.