Фановите разочарани од одлуката на победничката на „Ѕвездите на Гранд“ Џејла Рамовиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Победничката на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Џејла Рамовиќ реши да ги открие своите планови за во иднина.

Имено, таа планира да ја напушти државата и да замине во странство каде што ќе студира.

– Учењето сепак ќе биде приоритет во однос на пеењето. Тоа е нешто што ќе го одреди мојот живот. Пеењето произлезе од мојата желба, но мислам дека прво треба да видам што да правам со образованието, а по завршувањето на четвртата година од средното училиште, веќе ги избирам градовите каде што би можела да одам и да го продолжам образованието.

Џејла секако не планира да се откаже од пеењето но ќе и биде во втор план, подобро кажано колку ќе и дозволи времето толку ќе пее.