Фатиме Фетаи славеше роденден и доби торта зелник со праз – Еве колку години наполни обвинителката (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, вчера го прослави својот 34-ти роденден со своето семејство и блиските пријатели.

Главниот и одговорен уредник на телевизија 24, Огнен Јаневски, на својот фејсбук профил објави фотографии со Фетаи, која за роденден од пријателите доби торта-зелник со праз, која ја направила неговата мајка.

Таа пред неколку недели присуствуваше и на одбележувањето на роденденот на „1ТВ“ кој се одржа во Македонската Филхармонија и тогаш успеа да го собере сите погледи од присутните со својот стајлинг. Беше облечена во кус син фустан, која како и се што таа носи и прилегаше одлично.

Специјалната јавна обвинителка секогаш привлекува внимание со стилот кој е главно класичен, но овој пат Фатиме се реши за посмела варијанта во тренди, пролетна боја и доби комплименти за својот изглед.

Таа на забавата дојде во друштво на Катица Јанева, која избра црн долг фустан со сребрено палто.

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи е жена со свој изграден стил. Со секое свое појавување таа изгледа елегантно, а овој пат има моден погодок.

Фетаи секогаш избира парчиња по последна мода и знае како да изгледа одлично. Впрочем секое нејзино издание до сега изгледало светски, елегантно и привлечнп, па така беше и овојпат.

Нејзината препознатлива црна коса, сега ја носи во кратка боб фризура која што исто така е хит сезонава и строги шишки од кои никако не се откажува.