ФФМ со поддршка за фудбалерите: Ниеден пораз не се брои, вие сте наши херои

ИЗВОРСкопје24
|

Вчерашниот натпревар на Македонија против Австрија беше историски момент затоа што нашата земја дебитираше на Европското фудбалско првенство, и беше момент што навивачите го чекаа целиот свој живот. Многумина би рекле дека тоа е остварување на сонот од деца, па поради тоа во голем број дојдоа во Букурешт да ги поддржат репрезентативците.

За жал, нашата репрезентација натпреварот го загуби со 3:1, но позитивно гледаат кон следните два дуели против Украина и Холандија и не ја губат надежта.

Поддршка до македонските рисови пристигнува од секаде, навивачите им порачаа дека се секогаш со нив и во пораз и во победа и дека се горди на нивниот успех и играта што ја покажаа, а денес со јасна порака се огласи и ФФМ која покажа дека гордо стои зад македонската фудбалска репрезентација.

-Ниеден пораз не се брои, Вие сте наши херои, им порача ФФМ на фудбалерите објавувајќи фотографија на социјалните мрежи.