ФИФА го помести датумот: СП ќе почне ден порано

|

Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека Мундијалот во Катар ќе почне еден ден порано од предвиденото, односно на 20 ноември со мечот меѓу Катар и Еквадор.

Ваквата одлука ФИФА реши да ја донесе и да го поместат почетокот на Светското првенство (СП) затоа што сакаат церемонијата и воведниот меч да го направат како посебен настан.

Средбата меѓу Катар и Еквадор ќе се игра в недела, 20 ноември со почеток од 19 часот по локално време, додека мечот меѓу Холандија и Сенегал ќе се одигра на 21 ноември од 19 часот.

Оваа промена ќе обезбеди и продолжение на долгогодишната традиција според која првиот меч на Мундијалот го игра домаќинот.