Филип Божиновски ја покажа својата тримесечна ќерка Софија

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот пејач Филип Божиновски и неговата сопруга Сања пред околу три месеци ја добија својата прва ќерка Софија. Она што е посебно интересно е дека среќниот татко своето прво чедо го доби на најпосебниот ден во годината, а тоа е неговиот роденден.

Филип важи за личност која не е премногу активна на социјалните мрежи, но сега поводот беше полнењето на три месеци на неговата најслатка, па направи исклучок и ја покажа малата Софи.

Поточно, неговата сопруга на „Инстаграм стори“ објави фотографија со Софија и го означи Филип, а тој истата објава ја сподели во кусите приказни на својот Инста профил.

„Мојот свет“, стои кратко и јасно како објаснување на фотографијата.