Филип Божиновски наскоро ќе стане татко, а сега со симболична фотографија го откри и полот на бебето

ИЗВОРСкопје24
|

Познатото момче кое се прослави по учеството во Ѕвездите на Гранд, Филип Божиновски  ги освои симпатиите со својот ангелски глас но и со својата скромност.

Најновите вести во неговото семјество се приновата која тој и сопругата Сања Митровски ја чекаат. Ѕвездата на Гранд и неговата избраничка, со која си го кажаа судбинско „да“ пред две години, ги објави среќните вести на социјалните мрежи.

„Во ова лудо време, чекаме да ни се случи убава работа“, напиша Филип Божиновски на социјалните мрежи, заедно фотографии на кои се гледа дека Сања веќе е во напредна бременост.

Имаше претпоставки за тоа кој е полот на бебето, а потоа ги решија дилемите со уште една фотографија. Филип и Сања наскоро ќе станат родители на девојче бидејќи на фотографијата држат женски бебешки чевлички.