Филипче: Ако нема промени учениците ќе одат на настава од септември

ИЗВОРСкопје24
|

Учениците од семптември ќе се вратат во училишните клупи без никакви рестрикции. Ова го најави министерот за здравство доколку епиде*иолошката состојба го задржи сегашниот тренд со многу мал број на новодијагностицирани и малку заболени низ болниците. Дали децата во училница ќе бидат со маска ќе зависи од состојбата во семптември.

– Доколку продолжат трендовите и бројките и ситуацијата и понатаму е мирна, да учениците ќе се вратат во училиште без никакви рестрикции. Секако некои општи препораки ќе продолжат како често проветрување, отворен прозорец, а за маски согласно епиде*иолошката слика во семптеври, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Епиде*иолошката состојба е причина после 15-ти јуни да биде укинат и полицискиот час како и да бидат олеснети процедурите за концерти и јавни настани. За овие две точки како што најави Филипче во понеделник ќе дискутираат на Комисија за заразни болести. Актуелната состојба во моментот единствено ја кочи забавената им*низација бидејќи нема доволно дози за граѓаните кои до сега не примиле ниту една. Министерот за здравство најавува промена на темпото од наредната недела со донациите од Бугарија и Грција и големите количини од Синовак. Засега ни збор за руската и кога во земјата ќе пристигнат дози од Спутник В.

– Не верувам дека има неква политичка позадина, особено не за дозите. Кога во амбасада ќе добијат информација од Москва се надевам ќе ја споделат со нас, вели Филипче.

Додека стигнат големите количини, македонските граѓани одат на им*низација во Србија и на граничните премини со Бугарија. Според информации на Министерството за здравсто, околу 20.000 лица од Македонија веќе примиле дози кај соседите.