Филипче: Да не избрзуваме, но многу е веројатно дека пикот веќе поминал

ИЗВОРСкопје24
|

Досега многупати слушнавме дека овој сегашен пролетен бран е многу посилен од сите останати до сега и токму поради тоа се воведени и дополнителни заштитни мерки пред два дена. Симптомите се многу поизразени, скратено е времето на инкубација и многу поголем е бројот на хоспитализирани лица во болниците.

Поврзано со ова денес министерот за здравство Венко Филипче, изјави дека веројатно пикот на овој бран е веќе зад нас но не сака да избрзува со изјавите, затоа што мора да се следи состојбата и оваа недела.

-Вчера во текот на денот чувствуваме мало спласнување на притисокот во болниците, денеска и бројката е малку помала, треба да биде околу 1.200. Да не избрзувам со изјавите, затоа што мора да ја следиме состојбата и оваа недела, многу е веројатно дека пикот е веќе зад нас, но тоа ќе го кажеме на почетокот на следната недела. Се надевам дека нема да има некакво изненадување, значи веќе има слободни кревети на интерните клиники каде беше најголемиот притисок. Сè уште има голем број на хоспитализирани и, за жал, пациенти кои се во тешка клиничка форма на болеста, рече Филипче.