ФИЛИПЧЕ: Има големи шанси да се отворат границите со земјите во регионот

ИЗВОРСкопје24
|

Министерот за здравство, Венко Филипче за емисијата „Топ тема“ изјави дека има големи шанси да се отворат границите со земјите од регионот.

„Разговори има, но не сакаме да избрзуваме. Сепак, останатите земји немаат широк начин на тестирање, како што имаме ние“, соопшти Филипче и надополни дека во тек е набавка на брзи тестови за новата болест, што ќе дадат резултати за 15 минути.

„Дел од нив ќе бидат на граничните премини, а дел од нив по болниците“, вели министерот.

Според Филипче, во некои клиники или болници ќе дојде до промена на директорските места, поради послаб перформанс во изминатиот период.

„Нема да има поделби дали е од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Немаше реакции од ДУИ кога беше сменет Зибери, тие ја прифатија одлуката и сум немал досега никаков конфликт со коалициските партнери“, рече Филипче.