Филипче: Ќе се ограничи сумата која приватните болници ќе ја наплатуваат на заразени пациентите

ИЗВОРСкопје24
|

25.000 граѓани веќе ја примиле дозата, а постарите и ризичните групи граѓани се уште имаат предност. Новинарите како граѓани кои беа на првата линија се имунираат исто така. Ќе се ограничи сумата која приватните болници ќе ја наплатуваат на ваквите заразени пациентите. Исто така од Абу Даби очекуваме да пристигнат 2.000 кинески вакцини.

-Од почеток на февруари имавме иницијатива преку нашиот амбасадор со Емиратите со Абу Даби и денес ќе стигнат донација од 2000 кинески дози и организиран е превоз. Дозите ќе стигнат на аеродромот во Софија, а оттаму има организиран превоз со кој вакцините ќе пристигнат во нашата земја во текот на денот, ова го изјави Министерот за здравство Венко Филипче при посетата на СЦ Борис Трајковски денеска.

Хронично болните се уште немаат предност за имун*зација. Филипче нагласува дека во оваа група има голем број граѓани и затоа ќе мора да се оди по приоритет на возраст.

– Продавачите во маркетите ќе бидат имуни*ирани кога ќе дојдат нови вакцини. Истото важи за сите кои се заинтересирани, додаде Филипче.

Тој посочи дека до Владата е поднесен предлог за измена на Законот за здравствена заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти кои се лекуваат од оваа болест.

– Денеска на главниот координатор на кризен штаб се дискутираа повеќе работи. Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствена заштита со кој на приватните болници ќе се направи ограничување на висината на наплата додека трае кризата, поточно за лекување на оваа нова болест. Го слушнавме апелот на граѓаните, и веќе утре на Владата ќе го поднесеме предлог-законот за здравствена заштита – рече Филипче.