Филипче: Moжно е влошување и трендот на пораст да продолжи

ИЗВОРТелма
|

Има зголемување на бројките на новодијагностицирани пациенти, но во овој момент, нема притисок ниту во болниците, ниту во амбулантите, оценува министерот за здравство Венко Филипче.

Состојбата будно се следи вели тој, не исклучува пораст на трендот на зголемување, но фокусот е на клучната одбрана – зголемување на имунизацијата за што се разгледува и можноста од трета доза.