Филипче најави укинување на полицискиот час: Нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани летово

ИЗВОРСкопје24
|

Во вечерашното издание на емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија во која гостуваше министерот за здравство Венко Филипче, тој образложи дека смета дека епиде*иолошката слика во земјава е добра и засега можеме да бидеме спокојни.

Состојбата се следи, но истакна дека според она што сега можеме да го видиме нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето.

„Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи оваа болест е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема случаи на најлош исход. Дозата штити од тешка форма на болеста и губење на животот. Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, а се очекува да имаме концерти ова лето, семејни прослави. Нема ризик за организирање на такво нешто“, рече министерот Филипче.