Филипче: Веројатно третата доза ќе биде потребна за сите граѓани

ИЗВОРСкопје24
|

Според досегашните укажувања веројатно третата доза ќе биде потребна за сите граѓани, пред да донесеме било каква одлука во очекување сме на клиничките студии кои ги прави компанијата Фајзер, изјави министерот Венко Филипче.

На прашањето за опфатот на имунизацијата тој истакна дека бројката е различна во различни староносни групи, но вкупниот опфат на имунизација со една доза помеѓу населението е 37%, 45% од граѓаните над 18 години се имунизирани со една доза и близу 70% од граѓаните над 70 години се имунизирани.

Тој додаде дека пунктот за имунизација на факултетот „Кирил и Методиј„ е отворен за младите помасовно да се имунизизраат бидејќи тие често се изложени на ризични контакти.

Министерот Филипче уште еднаш потенцираше дека работата е многу сериозна и нема друг спас за излез од кризата освен имунизација.