Фолкерката сакаше да се пофали со шминката и новите трепки, па сите ја гледаа без да трепнат… ама не во очи! (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската фолкерка Тања Јовановска Трајкова важи за една од поатракт*вните, поелегантните и стокмени со вкус пејачки на домашната фолк естрада. Секогаш кога има настап, било на телевизиска емисија, било во некој локал, свадба или фестивал, таа темелно го подготвува својот изглед. Од избрана гардероба и чевли, до фризура и секако, шминка.

Така и овој пат пред да замине на јавен настап, фолкерката замина кај својот шминкер, кој и го дотера лицето „цакум-пакум“, па пејачката сакаше на социјалните мрежи да се пофали со својата шминка, особено со онаа околу очите и долгите трепки.

И како што обично бива, еден поглед во објективот одблизу, вториот мижејќи со затворени очи, за што подобро да се види убаво сработеното на мејкап мајсторот. Фолкерката сакаше да се пофали со шминката и новите трепки, а сите ја гледаа без да трепнат… Арно ама, не во очи! Зашто Тања во кадарот, не полн до душа, но доволно воочлив, покрај очите го фотографирала и своето дек*лте.

А кога мажите ќе видат отворено дек*лте кај убава жена, можат да ја гледаат во очи, само ако нивната понежна половина им „дише во врат“. Вака, на фотографија, фолкерката сите ја гледаа со широко отворени очи, ама малку подолу од нејзините очи!

А Тања, не е дека нема со што да се пофали…

Иако ретко ја става во прв план својата предница, поеднини фотографии од разни настапи покажуваат дека р*сната кумановка е доволно бујна за да има што да истакне и покаже.

До душа, не секаде и не секогаш, зашто конкуренцијата на тоа поле на естрадата е жест*ка, па таму каде што знае дека нема шанси за „бујна надм*ќ“, Тања се фотографира закопчана до грло.

Како во овој случај, каде што на фотографијата од снимањето на емисијата „Мерак меана“ е во кадар заедно со сил*конск*та струмичанка, нејзината фолк колешка Сузана Гавазова!

вистина.мк