(ФОТОГАЛЕРИЈА) Копнеж и носталгија за духот на старо Скопје

loading...

Погледенете ја галеријата на фотографии од Скопје низ годините. На сликите е овековечен градот пред повеќе децении, а има и фотографии што датираат уште од 1903 година. Можете да ги видите: Машката гимназија, стариот Турски театар, Офицерскиот дом, плоштадот Македонија во 20-тите години на минатиот век, првата „Шел“ бензинска, култната кафеана „Кермес“, првата железничка станица и многу други објекти кои веќе ги нема. Дел од нив се урнале во земјотресот, а на дел од нив на нивно место никнаа барокните згради од милионскиот проект „Скопје 2014“.

Уживајте во фотогалеријата што кај постарите скопјани сигурно ќе предизвика копнеж и носталгија по Скопје што повеќе не постои.