Фотографија стара 14 години: Ќе препознаете ли која е оваа пејачка? (ФОТО)

loading...

Таа важи за една од најдобрите вокали на поранешните југословенски простори и е Македонка веќе подолг период живее во Србија, каде се омажи и ја започна својата балканска кариета. Поради тоа таа постојано живее на релација Србија – Белград, а освен на музички план може да ја видиме и во улога на актерка и водителка.

Веројатно погодивте се работи за нашата прекрасна Тијана Дапчевиќ.

Уште на 5 години се запишува во музичко училиште каде што почнала да свири клавир, а потоа вилиона, а подоцна се запишува и на балет, а во 1993 година првпат се сретнува и со микрофонот.

Талентот за музика воопшто не изненадува во нивното семејство, бидејќи сите се талентирани за музика, а нејзината сестра Тамара пак важи за една од најмоќните гласови во нашата земја.

Таа е позната по голем број хитови меѓу кои „Све је исто само њега нема“, „Земја мојух снова“, „Неќу“, „Ресет“.

Од своите почетоци, Тијана правеше промени кои беа добро прифатени.

Деновиве пејачката се потсети на далечната 2004 година, па разбуди спомени од тогашниот период.

На својот Инстаграм профил, Дапчевиќ сподели фтогорафија на која е исто така русокоса. Иако тука има 38 години, изгледа како преслатка девојка.

Денес, Дапчевиќ живее во Белград, но често доаѓа во Македонија поради нејзините ангжмани како пејачка и како водителка на својата емисија „Вечер со Тијана“.

Извор: Вистина.мк