Фотографијата од пропаднатиот камион е стара – Фонтаната на плоштадот не е оштетена

|

На социјалните медиуми денеска се прошири вест дека повторно пропаднал камион на плоштадот Македонија. Но, по се изгледа фотографијата е од минатата година, кога камион пропадна кај фонтаната, и од непозната причина повторно беше објавена, при што настана конфузија.

Денешната фотографија, што ја објавија повеќе медиуми, помеѓу кои и нашиот, беше објавена на Фејсбук-групата „Ѕид на сообраќајниот срам“. Дел од нив ја увидоа грешката и ја тргнаа објавата.

На фонтаната веќе одамна стои само црвено-белата сигнализација:

Вакви инциденти изминатите години имаше четири пати. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула. Во март 2021 пропадна камион за чистење на плочникот на ЈП „Комунална хигиена“. И лани во ноември, пропадна камионче на приватна компанија.

Фото: Адем Маровци/ Макфакс