„Фраер засекогаш“ – Миа Костова го покажа својот татко (ФОТО)

|

Екс водителката на Бекстејџ, а сега веќе инфлуенсерката Миа Костова постојано е активна на социјалните мрежи, па освен за маркетинг и за заработка истите ги користи и за свртување на вниманието на јавноста кон некои болни теми и табуа кои сеуште владеат во нашата земја.

Пред неколку месеци таа искрено говореше за својата бременост и за тоа како е да се биде самохран родител, па ги трогна поголемиот дел од фановите и нејзините колеги од јавната сцена, но периодов ужива во Албанија каде што е дел од маркетинг и ПР-от на „Havana Beach“.

За таа цел Миа исто така одговараше на прашања на следбениците кои ги интеренсира се што е поврзано за одморот и какви се условите таму. Водителката истакна дека ако излезе се како што треба, таму ќе остане до крајот на август.

Дека ужива на море, доказ се секојдневните фотографии на социјалните мрежи кои таа ги објавува од плажа, пренесувајќи ги сите впечатоци како си поминува.

Костова деновиве и имаше убав повод за славење, односно роденден на нејзиниот татко. Токму по тој повод, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави постара фотографија со татко си, а во описот напиша:

„Среќен роденден тато. Мангуп форевер (засекогаш). Ти сакам само да си покрај нас уште долгооооо“, напиша Миа.