Француска министерка стана хит на интернет – ја заборави маската и ја фати паника (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Додека американскиот претседател Доналд Трамп многу ретко може да се види со маска на било кое јавно излегување, европските политичари и јавни личности не сакаат ни секунда да седат во јавност без заштитна маска, а за тоа доказ е поседното видео кое со брзина на светлината почна да се шири на социјалните мрежи. На некого му е смешно, на друг му е пример за тоа како сите треба да се однесуваме со цел да се заштитиме.

Имено француската министерка за економија и финансии, Агнес Пени – Рунаше, стана хит на интернет, откако на „Јутјуб“ е објавено видео на кое се гледа како панично изреагирала откако сфатила дека ја заборавила заштитната маска во службениот автомобил.

Таа со трчање се обидела да го запре автомобилот, но безуспешно, по што паниката беше видлива на нејзиното лице кое го криеше и заштитување со дланките од рацете. За среќа, обезбедувањето изреагирало брзо, па на политичарката, откако ѝ дале нова маска, продолжила со протоколот.