Фудбалскиот гигант Погба до нашиот Јане: Горд сум на тебе (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба го поздрави нашиот Јане Велковски по неговото обраќање на Самитот за ОН во Њујорк. Тој на социјалните мрежи стави слика од Јане, и испрати порака: „Горд сум на тебе“.

Погба се запозна со Јане за време на европскиот Суперкуп во Скопје кој се одржа пред две години. Јане на покана на Погба беше специјален гостин на Манчестер јунајтед.

Инаку, единаесетгодишниот Јане Велковски, застапник за деца со поп*еченост од Македонија, му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обеднитети нации во Њујорк каде деца и млади ќе побараат да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата.

Во рамките на Самитот, Јане се сретна со поранешната светска фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам. Мајката на Јане, Деница Велковска ја објави фотографијата на својот Фејсбук профил.

Самитот на УНИЦЕФ е дел од прославата за одбележување на Светскиот ден на детето, кој се совпаѓа со 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, најшироко ратификуваната спогодба за човекови права во историјата.

Јане ќе учествува во интерактивниот дел, во кој ќе бидат претставени деца застапници, ќе има креативни елементи, музички настапи и учество на амбасадори на добрата волја. Тој ќе зборува заедно со други четири деца на панел-дискусијата „Да не изостане ниедно дете: за секое дете, сите права“.