Гаги Џогани прослави роденден – сите се разочараа од тортата

ИЗВОРСкопје24
|

Таткото на Луна Џогани, Гаги вчера славеше роденден, и тоа не беше било каков туку јубилеен роденден, Гаги наполни 50 години. По тој повод тој ги собра најблиските во еден белградски ресторан каде што прославија заедно.

Меѓу присутните беше и неговата внука Миа Миљковиќ, која ја доби од ќерката Луна и зетот Марко Миљковиќ.

Она на кое сите фрлија око беше роденденската торта на која беше отсликан Гаги со неговото куче, а многумина забележаа дека на истата наместо кучето требало да биде отсликан Гаги заедно со своите ќерки, бидејќи вака изгледал многу осамено.