Галиите ќе се отстранат од Вардар – Првата ќе биде дислоцирана за 2 месеци

ИЗВОРСкопје24
|

Трите галии сместени во реката Вардар кои беа дел од проектот Скопје 2014 ќе бидат остстранети, односно целосно ќе бидат дислоцирани од Вардар, а од Град Скопје, велат дека се исполнети сите услови за отпочнување на постапка за отстранување на првата галијата која се наоѓа кај хотелот „Холидеј Ин“.

Иако овие промени ги чинат граѓаните милиони евра согласно Проектот „Скопје 2014“, сепак повеќето од граѓаните што ги анкетираа од 21ТВ, изјавуваат дека се против нивното отстранување, бидејќи како што велат, им се допаѓа глетката.

Од Град Скопје, за ТВ21 рекоа дека очекуваат следната недела да се утврди динамиката и во рок од 40 до 60 дена да се отстранат.

„Спроведувањето на овие одлуки беа одложени поради судските постапки и тужбите на сопствениците на галиите на решението на Град Скопје за раскинување на договорите“, велат од Град Скопје.

„Во моментов, целосно се исполнети условите за отпочнување на постапката за отстранување на галијата кај „Холидеј ин“. Очекуваме во текот на наредната недела да се утврди динамиката за истото и во рок од 40 до 60 дена истата да биде отстранета. За галијата кај МЕПСО сè уште не се завршени судските постапки)“

Целиот текст прочитајте го на 21ТВ со клик тука.