Гените се чудо: Погледнете како изгледа синот на Тома Здравковиќ (ФОТО)

|

Синот на легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ, Александар Здравковиќ денес живее далеку од овие простори, но верувале или не во градот каде токму неговите родители се запознале – Торонто.

Тома беше еден од пејачите кои го знаеја буквално сите на овие простори и имаше невиден талент за пеење и неверојатна енергија на која никој не можеше да остане рамнодушен. Дека гените се чудо, зборува и фактот што и неговиот син Александар денес се занимава со музика, а музичката кариера се одлучи да ја започне во Торонто каде отворил приватно музичко студио каде создава песни.

Сопственикот на најголемите хитови на народната музика Тома Здравковиќ во бракот со сопругата Гордана Здравковиќ, во 1978-та година го доби синот Александар кој никогаш не се експонираше во јавноста, по што пејачот од Торонто се врати во Србија и го продолжил својот живот.

Парот бил во брак 18 години, а во текот на нивниот бурен заеднички живот се случувале разни ситуации поради неговата кариера.

– Кога ќе дознаат чиј син сум прво ме прашуваат како сум израснал без него. Некогаш се претставував како Александар Саша за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ, бев премлад кога замина, а подоцна сфатив што тој значеше за музиката во регионот, изјави во една своја прилика неговиот син.