Генијален трик: Сигурно сè уште не сте го испробале, а решава еден од најздодевните проблеми

ИЗВОРСкопје24
|

Можеби е факт дека нема поедноставна домашна обврска од перење на облека, со оглед дека за нас тоа практично го прави машината за перење алишта.

Сепак често се случува облеката да не мириса доволно, да ја изгуби бојата или да ја извадиме истата со бели честички, влакна и траги на темната облека. Сигурни сме дека знаете за што зборуваме – сте ги ставиле црните фармерки на перење, а потоа сте ги извадиле со бројни ситни бели честички.

Сепак, постои одличен трик кој ќе ви помогне да го спречите тоа, а сè што ви треба се влажни марамчиња.

Наредниот пат во машината пред перење ставете 3 влажни марамчиња. За време на перењето, тие ќе ги соберат малите честички кои инаку би завршиле на гардеробата, а се однесуваат како магнет.

Но, треба да имате на ум неколку совети – пред сè погрижете се влажните марамчиња да бидат доволно цврсти за да не се распаднат во текот на перењето. Обидете се да го искинете марамчето со раце – ако не ви успева лесно, значи дека е доволно цврсто за ваквиот трик.

Исто така не заборавајте на мирисот на влажните марамчиња. За облеката да не го поприми нивниот мирис, користете марамчиња без парфем или антибактериски. Уште една опција е да ги натопите со омекнувач.