Генијален трик: Три коцки мраз ќе ја скратат најголемата мака на секоја домаќинка

ИЗВОРСкопје24
|

Сите знаеме колку е напорно перењето, па пеглањето на алиштата, но сега е откриен генијален трик кој ќе ви заштеди време и пари. Веројатно не постои домаќинка на која пеглањето не и претставува напор поради големиот број на агли и набори на облеката, па секој се обидува да го заобиколи овој дел секогаш кога е возможно.

Таман совршено сте го испеглале ракавот од кошулата по рабовите, ја поткревате и гледате дека се стуткала од другата страна. Звучи познато?

Постои лесен начин да ги испеглате испраните алишта и тоа без мака, а тоа се само три коцки мраз. Се што треба да направите е да ставите чиста испрана облека во машината за сушење, ставате три коцки мраз и оставате машината да работи 15 минути.

Потоа, облеката изгледа како да е испеглана со пегла. Погледнете ја постапката и уверете се и самите:

Што ако ви кажеме дека исто така постои спреј кој се подготвува од само 3 состојки кои веројатно веќе ги имате дома, со помош на кој вашата облека сама ќе се испегла? Не е лага!

Овој магичен спреј навистина постои и делува. Еве го рецептот:

Потребни состојки: 400 мл дестилирана вода, 1 лажичка омекнувач за алишта, 1 лажичка алкохолен оцет и 1 празен распрскувач.

Начин на подготовка: Во празен распрскувач налејте 400 милилитри дестилирана вода во која ќе додадете по една лажичка омекнувач и алкохолен оцет. Добро промешајте ја смесата и спрејот за пеглање е спремен за употреба.

Начин на употреба: Напрскајте ги сувите маици или која било друга облека со спрејот. Порамнете ги ракавите, поставете ги на сушара и оставете ги да се подзасушат. Откако ќе се исушат, вашите „пеглани“ алишта се спремни за носење