Генијален трик за возачи наутро: Одмрзнете ги прозорците и шофершајбната за 10 секунди

ИЗВОРСкопје24
|

Со ниските температури кои веќе ни пристигнаа и зимските денови кои ни се на прагот, секојдневна обврска на секој возач ќе биде чистењето на замрзнатите прозорци и шофершајбни наутро. Ова и не е многу посакувана работа на никој човек, особено ако доцните на работа, но не очајувајте постои решение.

За среќа, постојат ефикасни и едноставни трикови кои ќе ви помогнат брзо да го решите проблемот со замрзнувањето. Направете мешавина со која ќе ги прскате стаклата, а мразот ќе се стопи за секунда. Во пластична прскалка ставете 2/3 медицински (70 постотен) алк охол и 1/3 вода. Мешавината може да ја нанесете навечер или пред излегување.

Едноставен корисен трик со кој ќе ги отстраните гребнатините од вашиот телефон

Колку и да се обидуваме да се грижиме за нашиот мобилен телефон, да го заштитуваме од паѓање и обвиткуваме со заштитна фолија, сепак честопати не сме успешни во обидот па на неговиот екран остануваат гребаници кои ни сметаат при употребата. Сепак не очајувајте, постои едноставен корисен трик со кој гребаниците ќе ги снема.

Ви откриваме еден ефикасен трик, кој брзо ќе ги отстрани непријатните гребнатини на вашиот телефон. Се што ви е потребно е прашак за пециво, малку вода и еден сад во кој ќе ги мешате состојките. Помешајте ја смесата додека не стане еднаква, а потоа нанесете ја на парче ткаенина и со кружни движења нанесувајте ја на оштетениот дел од телефонот.

Потоа со крпа исполирајте го телефонот. Пробајте го овој едноставен трик и ќе бидете задоволни од резултатот.