Германија без закажување имунизира во ќебапчилници, продавници за мебел, храна и бела техника

ИЗВОРТелма
|

Здравствените работници започнаа да ги посетуваат кебабпчилниците, продавниците за бела техника, мебел и други производи, ширум Германија, во обид да допрат до луѓето кои се уште не примиле доза, бидејќи програмата за имунизација на населението во Германија се одвива со намалено темпо.

Тоа е дел од специјалната кампања за имунизација која им се нуди на германските граѓани, без претходн закажувања, на лесно пристапни локации, објавени на специјална интернет страница и промовирана на социјалните медиуми под мотото – Вакцинирајте се тука.

ОВА БЕШЕ РЕЛАТИВНО СПОНТАНО. РАЗМИСЛУВАВ ПОДОЛГО ВРЕМЕ, НО ЦЕЛИОТ ПОТРЕБЕН НАПОР МИ БЕШЕ ПРЕМНОГУ. ПОТОА, УТРОВО ЈА СЛУШНАВ РЕКЛАМАТА НА РАДИОТО И СИ ПОМИСЛИВ: ПА ТОА И НЕ Е ПРЕМНОГУ ДАЛЕКУ ЗА ПЕШ. ОДИШ ТАМУ И СЕ ИМУНИЗИРАШ.

Германија сака да имунизира најмалку 75% од своето население, но досега сите неопходни дози ги примиле само 62% од германските граѓани.

Никогаш не било полесно да се имунизирате, им порача Ангела Меркел на Германците кои се уште не се заштитиле.

ДРАГИ СОГРАЃАНИ, ПО ЕДНА И ПОЛ ГОДИНА ОТКАКО БОЛЕСТА ПРВ ПАТ СЕ ПОЈАВИ ВО ГЕРМАНИЈА, СЕГА ИМАМЕ ДОВОЛНО БЕЗБЕДНИ И ЕФИКАСНИ ДОЗИ. ЛЕКАРИТЕ ПО ОПШТА МЕДИЦИНА И МОБИЛНИТЕ ТИМОВИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ВИ ПОМОГНАТ ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ПРОТИВ БОЛЕСТА. ЗАТОА ВЕ ЗАМОЛУВАМ ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ СЕБЕСИ И ОСТАНАТИТЕ. ИМУНИЗИРАЈТЕ СЕ, СЕГА!

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска ги бранеше и засилените мерки на притисок против неимунизираните граѓани, вклучувајќи ја и одлуката за прекинување на бесплатните тестови наредниот месец. Во повеќе германски држави се прекинува и исплатата на целата плата за луѓето кои се во карантин.