Германија оди под целосен карантин: Ангела Меркел презема ригорозни мерки

ИЗВОРСкопје24
|

Ангела Меркел денеска се срертна со сојузните перимери на разговор за новите мерки. „Билд“ дознава дека премиерите на сојузните држави се согласиле со Меркле Германија да влезе под целосен карантин на 2 ноември, односоно од понеделник.

Билд додава дека канцеларката и премиерите се договориле за новите мерки, но се уште нема официјални информации. Според информациите објавени вчера, но и според министерот за финансии, заклучувањето треба да трае четири недели.

Билд исто така известува дека канцеларката, по состанокот со премиерите на сојузните држави за новите мерки, ќе ги информира лидерите на парламентарните групи во Бундестагот.

Веста ја објави заменик-портпаролот на Владата Мартина Фиец. Утре наутро, Меркел во Бундестагот ќе известува за состојбата со новата болест во Германија.

Според Билд, министерот за финансии Олаф Шолц на состанокот изјавил дека и тој верува дека на Германија и требаат драстични мерки. Тој исто така најави стабилизација и владината помош за затворените бизниси. Тој рече дека малите бизниси можат да добијат владина помош до 75 проценти од износот на своите приходи што ги генерирале истиот месец минатата година. Поголемите компании можат да добијат поддршка до 70 проценти.

Шолц, исто така, предвидува, според Билд, дека за четири недели блокада ќе бидат потребни седум до 10 милијарди евра.

„Се наоѓаме во ситуација кога нема да можеме да ја контролираме ситуацијата. Мислам дека е потребно да се договориме за драстични мерки “, рече тој.

Германските медиуми денес објавија дека Меркел сака да затвори кафулиња, ресторани, училишта, спортски сали, музеи и кина, но „Билд“ сè уште нема конкретни информации. Според нацрт-мерката што протече рано синоќа, би работеле само училиштата и градинките.