Ги фрламе а се многу корисни: Еве како може да ги искористите ливчињата од јагодите

ИЗВОРСкопје24
|

Сите ги фрламе ливчињата од јагодите, но кога ќе дознаете какви придобивки има од нив, никогаш веќе нема да го правите тоа.

Оставете ги да се исушат и тие нека бидат ваша резерва од витамини и корисни состојки во текот на зимата. Ливчињата на јагодите имаат повеќе витамин Ц од плодовите, а ги содржат истите микроелементи.

Чаевите од овие ливчиња, како и самите јагоди го зајакнуваат нервниот систем и се борат против стресот, го намалуваат заморот, помагаат во случај на депресија и болести на крвта, ја подобруваат состојбата на бубрезите и слично.

За побрз раст на оштетената коса, користете лажица од изблендирани ливчиња од јагода и додајте сок од каланхоја и тегавец.