Ги има многу: За сите плати помали од „минималецот“ го известуваме Трудовиот инспекторат, велат од УЈП

ИЗВОРСкопје24
|

Управата за јавни приходи (УЈП) има систем каде што се евидентираат сите исплати на плати помали од минималната плата, но нејзина надлежност е овие случаи да ги предаде во Трудовиот инспекторат, велат од УЈП, по веста дека на терен се пронајдени многу фирми кои воопшто не исплатиле плата, или пак исплатиле помала од минималната.

– Во членот 260 од Законот за работни односи, дефинирани се овластувањата на институцијата за јавни приходи, согласно кои организацијата надлежна за работите на јавните приходи е должна да го известува надлежниот инспектор на трудот за работодавачите кои не извршиле пресметка и ислата на плати, односно најниска плата за претходниот месец. Известувањето се доставува до инспекторот на трудот според седиштето на работодавачот. Инспекторот на трудот ќе поднесе барање за покренување на прекршочна постапка, ако констатира дека работодавачот, односно одговорното лице со повреда на закон или други прописи, колективни договори и договор за вработување со кој се уредуваат работните односи, извршил прекршок, велат од УЈП.