|
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди подрачјето на Мостар, односно Столац, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Според податоците од овој центар, земјотресот се случил околу 8.30 часот на три километри од Столац, односно 34 километри од Мостар.
Земјотресот е почувствуван и во Далмација.
„Убаво се почувствува“, напиша еден жител на Столац.
Вчеравечер земјотрес ја стрете и Македонија, но истиот беше со помала магнитуда од 2.2 степени по Рихтер.